Пендаровски: Не поддржувам референдум, идејата на Мицкоски е манипулација

Јас немам никакво разбирање за нивното барање за референдум, станува збор за една манипулација на Мицкоски, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски во интервју за Канал 5 во врска со барањето на опозицијата да се организира референдум за преговарачката рамка.

-Зар мислите ли човекот кој учествувал во Преспанскиот договор, бил дел од Договорот за добрососедство, верувате дека може да каже дајте сега рефредум? На Мицкоски му треба политичка мобилизација и вели и Пендаровски мисли исто. Мислам дека е фер ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се дефинираат за тоа што се, вели шефот на државата.

Пендаровски ова го одговори откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека нивните „ консултациите за референдумското прашање одат кон она што го кажа Пендаровски во интервјуто за неделникот „Фокус““. Мицкоски рече дека консултациите со експертите и внатре во партијата за референдумското прашање „конвертираат“ кон она што го кажа и претседателот Стево Пендаровски.

-Многу блиску сме до таа содржина што тој ја кажа во јавноста и јас очекувам како што тој кажа во јавноста тој, доколку конвергира суштината на тоа референдумско прашање, Пендаровски да излезе јавно со став и да каже дека ќе излезе и дека ќе гласа заедно со своите соработници, рече Мицкоски по посетата на Петровец при што изрази подготвеност да се сретне и со претставници на Владата во врска со референдумското прашање.

Инаку, во неодамнешното интервју за „Фокус“ Пендаровски рече дека предлага доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата, тогаш референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“.

-Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување договори, точки… Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат, рече Пендаровски во интервјуто.

Претходна вестСанчез: Можете да сметате на поддршката на Шпанија
Следна вестТензично на северот од Косово, сирени во Митровица, блокади на патишта, полицијата затвори два гранични премина