Пендаровски: Никогаш нема да го амнестирам Груевски, Мијалков не беше главниот за обезбедување на осумте пратеници за Преспански договор

Некои политички актери ме консултираа за амнестија на Груевски, им реков никогаш, изјави шефот на државата Стево Пендаровски во синоќешното интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24

Тој објасни дека тоа се случило пред седум-осум месеци.

-На едно неформално ниво од пред седум-осум месеци некои актери од политичката сцена ме консултираа околу таа можност, што мислам околу таа можност. Им реков децидно дека тоа не би го направил никогаш, бидејќи тоа би било рушење на правната држава. Таков тип на милосрдие стои во Уставот, но јас не мислам дека сум султан или монарх во оваа држава за такви кривични дејанија самиот да пресудувам и да решавам што е право, што не, рече тој.

На прашањето дали власта во земјава се надева на помош од поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а сега бегалец во Будимпешта за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставот, шефот на државата категорично рече дека со новите измени на Кривичниот законик Груевски не може да се врати во Скопје.

-Прво, сосема кусо, Сашо Мијалков не беше главниот за обезбедување на осумте пратеници за Преспа, меѓутоа ќе го оставиме тоа на историчарите да го коментираат. Кажете ми, како Груевски ќе помогне од Будимпешта за дветретини врзано за законските промени што ги говориме. Не знам дали утре ќе се случи друго-трето, какви махинации се возможни, јас не сум во тек, не ги знам тие работи, ако ги има. Меѓутоа, врзано со овој закон, Груевски не може со овие измени на Кривичниот законик да се врати во Скопје. Или можеби мислите дека е маѓионичар, па од Будимпешта ќе направи десет пратеника, рече Пендаровски.

Претходна вестСо обновената опера „Лидија од Македонија“ НОБ вечерва ја отвора новата сезона
Следна вестВирусот на Конго-кримската хеморагична треска откриен кај крлежите во скопско