Пендаровски: Да ги унапредиме правата на работниците, да спречиме нивна експлоатација

На 1 Мај, Ден на трудот, да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите оние кои придонесоа за поправеден однос кон работниците, наведува во својата првомајска порака шефот на државата Стево Пендаровски.

Тој додава дека сме благодарни и на сите кои и денес се борат за обезбедување на пристојни услови за работа, соодветни плати и социјална сигурност, градејќи општество каде чесната работа достоинствено ќе се цени и ќе бидат целосно заштитени работничките права.

-Развојот и напредокот на Северна Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците. Затоа, треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет. Наша задача е да обезбедиме работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавачите, да ги отстраниме бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост. Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот. Честит 1 Мај на сите работници, нагласи Пендаровски.

Претходна вест25-годишен загина во сообраќајќа на патот Штип-Плачковица
Следна вестМакедонија ја чека ждрепката за ЕП од третиот шешир, не може да игра со Србија, Хрватска, БиХ…