Темен режим Режим на светлина

Пендаровски со честитка за Денот на македонската полиција

На сите припадници на Министерство за внатрешни работи им го честитам 7 мај – Денот на македонската полиција, сподели претседателот Стево Пендаровски.

„Организираното, дисциплинирано и пожртвувано исполнување на задачите и справување со безбедносните предизвици од страна на полицијата, е клучно во зачувувањето на човечките животи, како и мирот, безбедноста, сигурноста и поредокот.

Продолжете преку чесно, совесно и професионално работење да им служите на сите наши граѓани, да ја штитите нивната лична безбедност и сопственост, и со тоа да придонесувате за јакнење на кредибилноста и довербата кај граѓаните“, додаде тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај

Следна објава
Десет милиони денари разлика во угостителските услуги на СОЗР

Влада: Со реформите придонесовме кон повисока професионализација на полицијата