Пендаровски во Давос: Се видов и поздравив со стари и нови пријатели

На Претседателот Стево Пендаровски често му се паѓа задачата да патува низ светот и на важни места да ја преставува Македонија. Воедно и да дискутира и дава свое мислење за проблемите кои ја тиштаат планетата, Европа, регионот… Така е и деновиве кога тој учествува на светскиот економски форум во Давос.

Претседателот таму здел учество и во дипломатскиот дијалог посветен на западен Балкан. На сесијата се дискутирало за предизвиците со кои се соочуваат земјите од западен Балкан и била посочена потребата за одржување на стабилноста, создавање на услови за поттикнување на економскиот раст на државите и неопходноста за решавање на замрзнатите спорови.

Покрај претседателот Стево Пендаровски на панелот учествувале и српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Хрватска, Косово и Црна Гора, сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александер Шаленберг, чешкиот министер за европски прашања…

Освен оваа важна дискусија Пендаровски остварил и друга многу важна средба – со синот на милијардерот Сорос. А разговарал за просперитетот на општествата и со поранешниот британски премиер Тони Блер.

-Добра можност за разговор и размена на мислења за актуелните случувања во поширокиот регион, како и за активностите на Tony Blair Institute for Global Change што тој го предводи, насочени кон изградбата на отворени, инклузивни и просперитетни општества, напишал претседателот на Фејсбук и објавил фотографија од средбата.

И тоа не е се, претседателот имал и други средби за кои пак напишал на Фејсбук:

-Можност да се видам и поздравам со стари и нови пријатели за време на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос – Кралот Филип на Белгија, полскиот претседател Анджеј Дуда, молдавската претседателка Маја Санду, германскиот канцелар Олаф Шолц, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, косовскиот премиер Албин Курти, израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, бизнисменот Александар Сорос, историчарот Нил Фергусон.

Дали имало уште поздравувања засега не е објавено на Фејсбук.

Претходна вестМаж преживеал 24 дена на море јадејќи само кечап
Следна вестВо Велес вечер ќе започне со работа киното „Киноверзум 3Д“ од Свети Николе