Home АКТУЕЛНО Пендаровски: Загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија

Пендаровски: Загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија

0
Пендаровски: Загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија

Загрижувачки е тоа што над 40 отсто од граѓаните во нашата земја сметаат дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија, изјави денеска шефот на државата Стево Пендаровски. Тој во настапот во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека загрижувачки е и тоа што некои од партиите се предоминантно за оваа опција.

-Неспорно е дека македонскиот народ има симпатии кон Русија поради религијата, јазиците и словенскиот етникум. Она што мене ме загрижува е дека во политичка смисла етничките Македонци се вртат кон политичките ставови на Русија. Особено загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија, а некои од партиите се предоминантно за оваа опција што може да направи проблем околу идните процеси, оцени Пендаровски.