Пентагон ги охрабрува Македонија и Грција да го остават спорот надвор од НАТО

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО Алијансата, изјави во интервју за Гласот на Америка на македонски главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд, пред одбележувањето на 75 години од безбедносната алијанса, следната недела во Вашингтон.

-Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, рече Бјуланд.

Тој кажа и дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот.

Бјуланд додаде дека Стејт департмент е адреса за коментари за конкретни политички прашања, како за обновениот спор меѓу Грција и Северна Македонија, откако македонските премиер и претседателка рекоа дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, но оти ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација.

Претходна вестВладата одлучи да се одложи примената на Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение
Следна вестНови именувања: Живковски директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Честоева на чело на Управата за заштита на културното наследство…