Периодов да се искористи за репарирање на завршниот слој на асфалтот, на шахтите…

Со Трајко Трајковски, градежен инжењер и претприемач, зборуваме за тоа како требаше овој корона-кризен период да се искористи за подобрување на градската инфраструктура во Скопје.

Сметате ли дека овој кризен период во кој што има големо ограничување на движењето на населението во Скопје може да се искористи за правење на инфраструктурни проекти со кои ќе им се помогне на граѓаните?

Ја живеам 8-та недела од воведувањето на вонредната состојба . Се изначитав и се изнаслушав за мерки, статистики, за заштити, предвидувања (како во обложувалница), премногу лажни вести, теории на заговор. Сепак, во вакви моменти кога веќе сите не фаќа нервоза, кога видливо реагираме на вонредните мерки итн.итн… но тврдам дека независно од се’ во градежништвото постојат активности кои можат без проблем да се реализираат во урбани и во рурални средини.

Познато е дека за да се реализира некој проект, прво треба да се изработи техничка документација… И заради тоа сега се време да се проектира, но и изведува. Јас приоритет би им дал на сите проекти со кои градоначалниците водеа избор кампањи. бидејќи ресурси имаме: Постојат искусни инжинери во државната администрација, има документи-подлоги за отпочнување со проектите, голем број колеги сега работат онлине, од дома. Од дома може да се прават и економски физибилити студии. Тендери, Биро за јавни набавки… сето тоа и така оди електронски, но зошто да не се биде подготвен во моментот на симнување на меркиве.

Сите овие проектантски активности се реализираат со добар проектен менаџмент и тимска работа. Сето ова е возможно и многу реално, но после два месеци не знам колку вреди ова мислење.

На кои проекти, на пример, Вие би им дале приоритет и би ги почнале да ги правите во овој период во градот Скопје?

Во секој случај на Нискоградба. На санирање и репарација на завршниот слој на асфалт, замена на оштетени рабници или бехатон на пешачки патеки, санација на недобро нивелирани метални капаци на шахти по улиците. Тука е и бојадисување – обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, на оштетена вертикална сигнализација (сообраќајни знаци).

Сега е месец Мај, сега треба и мора да се искастри/обнови и засади нова хортикултура на јавните површини. Сите овие градежни активности се однесуваат на Нискоградба, а истата се изведува со мала и ефикасна екипа на искусни мајстори. Постојната опрема и механизација овозможува работење без близок контакт.

Зошто кај нас бавно се прават ветените инфраструктурни проекти? Во време на кампањата се гарантира дека целосно ќе се направат, а потоа или не се прават воопшто, или доцнат или се градат колку да започнат за да се„пренесат“ во вториот мандат…?

 Инфраструктурата е крвотокот на еден организам наречен – држава, но реализацијата на инфраструктурните проекти е скапа и долга. Државата ја водат политичари избрани на избори, кои се “обидуваат“ да реализираат барем нешто од ветувањата што ги дале за инфраструктурата која често ни тие самите не ја разбираат. Врз основа на свои согледувања, потоа, гласачите гласаат на изборите.

На избори секако некој ќе биде избран … но сега што? Избраниот веднаш ќе го негира/омалуважува претходникот и неговата политика, ќе го негира својот збор (политичар е), т.е. ќе каже немало пари во буџетот (демек изненаден), и да манипулира со истиот…имало – немало, …политика. Ќе менува тим за изведба, па почнува се’ скоро од ново.(на пример, при градба на објект може да се смени инвеститорот, но да се менува тимот што изведува е ужасна грешка и губење време)… политика. Тоа најкратко е одговорот на ова прашање.

Значи, неопходно е: Независна контрола, отчетност, одговорност… се друго е политика.