Пешаците се надминаа со прекршоците, казнети 50 лица

Пешаците вчера беа најбројна категорија на граѓани коишто правеа сообраќајни прекршоци. Полицијата денеска соопшти дека меѓу вкупно 230 изречени казни 50 се напишани за пешаците. Сите тие поминувале улица на необележан пешачки премин или на црвен пешачки сигнал… Се потврди повторно дека пешаците се категорија на учесници во сообраќајот коишто прават голем број на прекршоци.

Инаку, за возење без возачка дозвола беа13 санкции како и 11 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.