Пешак и возач на мопед се новите лица во долгиот список на тешко повредени

Зголемениот број на пешаци и моторџии на градските улици како резултат на подобрувањето на временските прилики почна да донесува и се повеќе пострадани. Така, меѓу десетте сообраќајки кои што вчера се случиле на скопските сообраќајници најтешко поминале еден пешак и еден моторџија кој возел мопед. Тие се тешко повредени и ним им се укажува помош на скопските клиники. Во останати несреќи шест лица поминале со полесни повреди.
За жал списокот на повредени во сообраќајки станува се подолг. На ова мора да се свесни и возачите и пешаците и полицијата.
Во тој правец полицијата вчера санкционирала 34 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, шест кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници. Од сообраќај биле исклучени 14 нерегистрирани возила, а полицијата евидентирала итројца пешаци за поминување коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло. Казнети се и седум возачи за неносење сигурносен појас и 20 за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.