Песков: Тврдењата дека Русија стои зад можниот напад на гасоводите „Северен тек“ се глупави

Тврдењата дека Русија стои зад можниот напад на гасоводите „Северен тек“ се „глупави“, изјави вчера Димитриј Песков, портпаролот на Кремљ, додавајќи дека Москва забележува нагло зголемување на профитот на американските компании кои снабдуваат гас во Европа. Песков во дневната конференциска врска со новинарите изјави дека инцидентот треба да се истражи и дека рокот за поправка на оштетените гасоводи не е познат. Европа ги истражува наводите на Германија, Данска и Шведска за напади кои предизвикаа истекување на гас од два руски гасоводи во Балтичкото Море.

-Тоа е сосема предвидливо и предвидливо глупаво, рече Песков за тврдењата дека Русија можеби е одговорна за наводниот напад.

Песков додаде дека тоа е голем проблем за Русија.

-И двете линии Северен тек 2 се полни со гас – целиот систем е подготвен да пумпа гас, а гасот е многу скап…Сега гасот оди во воздухот. Пред да поднесеме какви било тврдења, треба да почекаме истрага за овие пукнатини, без разлика дали имало експлозија или не“, истакна Песков. Информации за инцидентот може да се очекуваат од Данска и Шведска, изјави портпаролот на Кремљ.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска потврди дека германската воена морнарица се вклучила во истрагата околу инцидентот со истекување гас од гасоводниот систем „Северен поток” во Балтичкото Море. Таа додава дека ситуацијата мора да се разјасни и бргу да се идентификуваат одговорните.

-Наводната саботажа на гасоводот е дополнителен потсетник за тоа колку сме зависни од критичната инфраструктура, вклучувајќи ја и онаа што ја имаме под површината на морето, се вели во соопштението од нејзиниот Кабинет.

Во понеделникот беа откриени истекувања на гас од системот на гасоводот „Северен поток” во шведските и данските води на Балтичкото Море, при што Европската унија и НАТО изразија уверување дека инцидентот е последица на саботажа.

Претходна вестАко не се набави гас од Србија скопските топлани ќе работат на мазут
Следна вестНад 130 домаќинства во Лисиче добија енергетски фасади, печки на пелети, инвертери…