Пет членови од македонската ракометна репрезентација позитивни на ковид-19

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство 2022 во Унгарија и Словачка македонските репрезентативци утре наутро (11 јануари) ќе го одработат последниот тренинг пред заминувањето во Дебрецин.

Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација (ЕХФ), беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4 и 7 и 10 јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19).

Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за унгарскиот град Дебрецин.

А првиот натпревар од групната фаза нашите најдобри ракомертари ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) од 18.00 часот против Словенија.

Претходна вестУште два земјотреса почувствувани утрово во Македонија
Следна вестМЗ: Зголемен број на реинфекции со Ковид-19 – расте процентот на заразени со Омикрон