Home АКТУЕЛНО Пет кафеанџии на Кеј добија казни од Општина Центар откако поставија маси надвор од тераси

Пет кафеанџии на Кеј добија казни од Општина Центар откако поставија маси надвор од тераси

0
Пет кафеанџии на Кеј добија казни од Општина Центар откако поставија маси надвор од тераси

Вкупно пет угостителски објекти се казнети од страна на скопската општина Центар поради узурпација на јавните површини. При контролата направена во саботата угостителите на диво ги извадија масите и столиците и ги распослаа низ шеталиштето на кејот на Вардар кај Градски трговски центар. Казнети се „Дион“, „Карпе дием“, „Соул кичен“, „Бела виста“ и „Торос“.

Од Општина Центар велат „нема да дозволиме кејот повторно да биде узурпиран“.

-Нема да дозволиме кејот повторно да биде узурпиран. Во саботата вечер инспектори излегоа на терен и издадоа прекршочни платни налози на пет угостители. Казната е од 1.000-1.500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице. Ќе ја пратиме ситуацијата, ако повторно ги извадат масите ќе добијат нови казни, изјавија од Општина Центар.

На сопствениците пред 3 години им беше дозволено да имаат тераси само пред објектите, каде тие зедоа 3,5 метри дополнителен јавен простор и ги изолираа со стакло заради пушење.