Пет лица од кои две деца, повредени во сообраќајка во Скопје

Пет лица од кои две деца се повредени во сообраќајка што се случи вчера во скопската населба Горно Лисиче. Во несреќата учествувале Форд“, управуван од А.К.(24) од Скопје и „фиат“, управуван од С.К.(33) од Скопје.

– Возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестВторо издание на проектот „Добри гости“ во Тетово
Следна вестПоради бакнеж прикажан на телевизија во Иран изби скандал