Темен режим Режим на светлина

Пет недели по апсењето на судијата, обвинителството без детали за истрагата

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Обвинителството сé уште не покрена обвинение против двајцата осомничени во истрагата против судијата на Врховниот суд, Наќе Георгиев, и членот на Советот на обвинители, Иџет Мемети.

На прашањата на Алсат, обвинителството не одговара во која фаза е истражната постапка, иако поминаа пет недели откако Георгиев беше фатен на дело како зема мито во износ од 10.000 евра.

Парите му биле дадени од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, со цел да му ја олесни кривичната постапка за трговија со дрога.

Во моментот кога Георгиев бил уапсен, Мемети не бил присутен, но во извештајот за организиран криминал пишува дека остварил телефонски и видео разговори со Георгиев и синот на Стојчев за да гарантира дека со неговиот авторитет а во договор со обвинителството може да му биде иречена пониска казна од предвидената од судот.

Судијата Наќе Георгиев се уште е во затворот Шутка, откако пред една недела Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. На сила остануваат мерките за претпазливост за вториот осомничен, Мемети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Грција е активиран „Амберт алерт“, киднапирано е девојче

Следна објава

Србија прогласи црвено ниво на безбедносна закана од тероризам