Темно Режим Светло Режим

Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

На 15.08.2025 во 12:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Гостивар, на крстосница од улица „ЈНА” со улица „101″, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „голф” со гостиварски регистерски таблици, управувано од Б.Б.(66) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од петгодишно дете од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар.

Претходниот Пост

Самитот во Алјаска заврши без договор, Трамп и Путин разговараа три часа

Следниот Пост

Ѓорѓиевски: Соработката со бизнис-заедницата е клучна за економски раст