Петмина приведени по тепачката во локалот „Трибека“

Пет лица се приведени од страна на полицијата по синиќешната тепачка во локалот „Трибека“ на булеварот „Илинденска“ каде се затекнале и изнспекторите од Државен пазарарен инсепкторат. Инспекторите кои дошле во контрола се соочиле со масовна тепачка со фрлање на маси, столици и инвентар, но и вознемирени гости кои панично го напуштале локалот.

Околу 20 часот при обид за да направиме контрола во објектот инспекторите беа соочени со толпа на народ кој масовно излегуваше од објектот. Истите беа видно вознемирени бидејќи нешто се случило во тој момент. Тогаш и ние дознавме дека се случила тепачка, објектот бил демолиран, изјави Александра Котели од ДПИ.

Од МВР потврдуваат дека имало масовна тепачка во локалот, а во неа учествувале пет лица од Скопје. Според сведочењата на гостите, пред да почнат да се маваат со столици и маси, лицата кои си размениле боксови, седеле заедно во локалот. По извесно време, наеднаш започнала драмата и настанал хаос. Полицијата постапувала по пријава, а уапсени биле сите лица.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект“, велат од МВР.

Скопјанецот кој го кршел инвентарот, потоа нападнал и две девојки на возраст од 18 и 19 години при што на едната од нив и го искршил и мобилниот телефон.

На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот.

Претходна вестЗаев дал насоки да се нарачаaт 100.000 руски вакцини
Следна вестПочинаа 16 лица, 254 нови случаи и 151 оздравен пациент од корона вирусот