Темен режим Режим на светлина

Петмина загинати во Хрватска: убиец упаднал во Дом за стари лица и почнал да пука

Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска, јавува мојпортал.хр.

Според првичните сознанија, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а некои се уште се на лекување. Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафуле во Дарувар.

Сирените на сите можни служби за итна помош ѕвонат во градот Дарувар.

Инаку, Дарувар се наоѓа во Бјеловарско-билогорската жупанија. Оддалечен е 125 км од главниот град Загреб и околу 130 км од Осиек. Сместен е во западниот дел на Славонија. Според пописот од 2011 година во градот заедно со приградските населби живееле 11.633 жители, а во самиот град живееле 8.567 жители.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Лоши хигиенски услови во кујните, храна со поминат рок: Уништени 8,7 тони небезбедна храна по контролите во Дојран, Охрид, Струга и Преспа

Следна објава

Скопјанец тешко повреден во Маврови Анови