Петнаесет казни за минување на црвено, 12 за возење без дозвола…

Еден од најопасните сообраќајни прекршоци – минувањ ена затворен сигнал на семафорите – вчера беше еден од почестите коишто ги правеле возачите на скопските подрачја. Опасноста и ризикот од сообраќајни незгоди не беа причина возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Така, поради овој сериозен прекршок полицијата казни дури 15 несовесни возачи. За жал, и покрај казните овој вид прекршоци никако да исчезне од скопските сообраќајници.

Инаку, на територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции и 12 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…, соопшти денеска МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестРадев го распушти бугарскиот Парламент, новите избори на 2 април
Следна вестСончево со мала облачност и умерен ветер