Петнаесет врвни театарски продукции на годинешниот МОТ

„Оваа зграда (на)вистина зборува“ е претставата со која годинава се отвора фестивалот Млад отворен театар – МОТ 2019. Станува збор за претстава која беше добитник на најпрестижната награда на овогодинешното Прашко Квардиенале – „Златна Трига“. Годинава во деветте дена од фестивалот, од 13
до 21 септември, публиката на шест локации во Скопје и Велес ќе може да ужива во 15 врвни театарски продукции, перформанси, концерти, работилници, предавања и дискусии.
Освен „Оваа зграда зборува (на)вистина“, на фестивалот ќе гостува и познатиот режисер Томи Јанежиќ со својата деветчасовна претстава „Сè уште без наслов“.
На музичката програма се најавени два концерти, едниот „The Tiger Lillies“, британското кабаре – трио кое беше номирано за Греми. Покрај нив свој настап ќе имаат и култниот Хрватски бенд „Шумски“.