При претрес во домот на четириесет годишниот Б.Р. од Битола, кој се случил вчера околу 17 часот, службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола пронашле и одзеле марихуана, дробилка, рамка за пиштол и куршуми. Лицето е веднаш лишено од слобода.
– Во домот на Б.Р. при вчерашниот претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, рамка за пиштол со осум куршуми непознат калибар, дробилка и други предмети со остатоци од остатоци од марихуана, се вели во соопштението од МВР.
Битолчанецот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.