Петровска: Осудените за „Диво насеље“ треба ги одлежат казните во земјава

Осудените за тероризам во случајот „Диво насеље“ затворската казна треба да ја издржуваат во земјава, рече вчера министерката за одбрана Славјанка Петровска. Не прес-конференцијата во Атина за време на посетата на Грција таа го коментираше прашањето за осудените за тероризам во случајот „Диво насеље“.

На прашањето за наводните сценарија според кои осудените за Диво Насеље ќе се префрлат да ги издржуваат казните на Косово, Петровска одговори:

-Јас мислам дека треба да се почитува одлуката на македонските судови и дека осудените онака како што во процедура, во судска постапка се осудени, треба да ја издржуваат својата казна во затворите во нашата држава, онаму кадешто кривичното дело е сторено. А, доколку постојат било какви сомнежи за условите или за околностите во коишто тие ја издржуваат казната, мислам дека работата на секој еден од нас е да работиме на надминување на таквите предизвици или проблеми, кои се појавуваат, а не тие да ги заобиколуваме, изјави Петровска за МИА.

Претходна вестСредношколец се заканувал по живот на професори, ќе добие кривична пријава
Следна вестНад 200 деца вакцинирани во кампањата „Од врата до врата“