Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид

По околу час и половина од завршување на гласањето, веќе се огласи и прогласи победа првиот градоначалнички кандидат по вториот круг. Имено, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Кирил Пецаков прогласи победа по вториот круг од локалните избори.

Тој и на неговиот профил на социјалните мрежи и преку телевизиите се заблагодари на охриѓани кои гласале за него и му овозможиле да победи.

-Благодарам Охриде! Победа! Си го познавам својот народ, ги познавам охриѓани и убеден сум дека Охрид ќе биде почеток на промените, разликата ќе биде многу поголема од првиот круг!, напиша Пецаков.

Претходна вестСтасав до државен рекорд, прескокнав во висина 167 сантиметри, упорно ќе вежбам за нови успеси
Следна вестДУИ претрпе пораз во Тетово – градот што велеа дека им е посебно важен