Писателката на „Хари Потер“ денеска објавува нова книга онлајн бесплатно

Ако сте обожувач на Хари Потер, тогаш од денеска добивате ново изненадување. Писателката на овој бестселер од денеска почнува бесплатно да објавува поглавја од својата најнова детска книга на нејзината веб страна.

Станува збор за детската бајка „Икабог“ која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, што и донесе светска слава. Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња, рече таа.

Поглавјата „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од денеска до 10 јули.

Претходна вестГрадинките се очекува да се отворат на 15 јуни, ЈСП се врати на вообичаениот возен ред
Следна вестВо последната ноќ од полицискиот час полицијата привела 17 лица