По бројни медали за туѓа држава, гимнастичарките Илина и Ева Соколовски наскоро ќе ги бранат боите на Македонија

Сонот на гимнастичарките Илина и Ева Соколовски ќе стане реалност. По бројни настапи и медали за Германија каде и живеат, сега конечно ќе добијат можност да ги бранат боите на Македонија на Европското првенство по ритмичка гимнастика кое ќе се одржи во Будимпешта.

Иако шеснаесет годишната Илина и тринаесет годишната Ева се родени и живеат во Германија, сепак како што велат, од секогаш сонувале да настапуваат за Македонија.

– Уште кога почнав со овој спорт посакував еден ден да застанам под македонското знаме. Кога ќе настапувам за Македонија ќе ме подржат и моите тренери од Германија со кој веќе работам 10 години бидејќи во Македонија не постои овој спорт и нема тренери кои ќе ја исполнат нормата за интернационални натпревари. Морам да истакнам дека многу се радуваме со мојата сестра што ќе ја претставуваме Македонија на балканските, европските и на светските натпревари во иднина, изјави Илина.

Инаку  Илина и Ева стартот на новата сезона го почнаа со медал. На почетокот на 2023 година Ева имаше пријателски традиционален натпревар во Боркен, каде го освои првото место. Минатиот месец пак, во Гутершлох се одржа првата квалификација на сезоната каде Ева повторно беше прва, додека Илина го освои второто место. На 19 февруари пак, Ева се натпреваруваше во Бохум републички традиционален натпревар каде го освои првото место.

Иако децении наназад и двете сестри бележат бројни успеси сепак открија дека желбата на секој Македонец е да си ја претставува својата држава.

-Навистина сонот ни се оствари. Веќе се изработуваат потребните документи и пресреќни сме со Ева што ќе бидеме репрезентативки на Македонија! Следува напорна работа, напорен тренинг, но тоа нас не не плаши, вака функционираме уште кога почнавме. Мотивот сега ни е поголем, Македонки сме, со македонски пасош и под македонско знаме и ќе се обидеме да ја претставиме нашата татковина во најдобро светло на европската спортска сцена, вели Илина.

Дека љубовта кон Македонија е преголема говори и тоа што песната „Кога падна на Пирина“ од „Некст тајм“ и била главна мотивација и инспирација на Илина да го освои вицешампионското место на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија.

Претходна вестГермански пратеници: Лажната држава Косово пропадна, Германија да го повлече признавањето
Следна вестТетовец ја нападнал својата сопруга и и се заканувал со нож