По четиридневни обиди извлечено е беживотното тело од провалијата кај Просек

Извлечено е беживотното тело од провалијата кај месноста Пресек во близина на Неготино и Демир Капија по четиридневните обиди на спасувачките екипи. Трупот е извлечен во текот на вчерашниот ден во заедничката акција на повеќе служби.

-На 30.03.2023 година во заедничка спасувачка акција на полициски службеници од ОВР Неготино, САЕ Тигар и двајца алпинисти од Алпинистичко друштво „Скала“ од Струмица, од бездна во место викано Просек во Демир Капија е извлечен човечки труп, кој по овластување на јавен обвинител е предаден на обдукција, потврдија од СВР Велес

Овој случај беше пријавен во понеделник од случаен минувач, планинар кој прв го забележал беживотното тело.

Се уште не е познато дали човечкото тело припаѓа на маж или на жена, а не е откриен ниту податок за физиономијата, ни за облеката на починатото лице.

По завршување на сите законски процедури МВР информира дека ќе го утврдат идентитетот на лицето.

Претходна вестОЈО со детали за убиството во скопски Капиштец: Прво пукал со пиштол во него, а пота со кундак го удирал во глава
Следна вестУтре по повод Денот на шегата маскенбал во Зоолошка градина и параден концерт во Градскиот парк