Владата денеска усвои агенда „Европа дома“ во која постави рокови за конкретни промени, од услуги за граѓаните, преку правосудство до животна средина, за европеизација на општеството, со конкретни рокови.
Агендата што ја промовираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Никола Димитров, ја содржи изборната реформа, правосудството, борбата против корупцијата и организирнаиот криминал, темелните човекови права, реформите во медиумската сфера, економското владеење и на реформата во јавната администрација, изработена од Секретаријатот за европски прашања, а во консултација со невладини организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и Делегацијата на ЕУ.
Владата се надева дека овој план ќе придонесе да се забрза процесот на евроинтеграцијата која сега е блокрана од условувањата од Бугарија.
Судејќи според содржината, овој план не содржи ништо ново од досега промовираните: изборна реформа, правосудството, борбата против корупцијата и криминалот, човековите права, медиумска реформа, јавна администрација, економско владеење, животна средина и климатски промени.
Она што ново е што за сите цели има рокови, кои ќе се следат на неделна основа, а Димитров ќе ја информира Владата со пресек на секоја седница. До Владата ќе се доставуваат извештаи за спроведување на агендата во мај, септември и декември годинава.