По кошот, сега оштетен и теренот на игралиштето во ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Нови оштетувања се забележани на повеќенаменско игралиште во кругот на основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром. Неодамна, само неколку часа откако беше поставен, беше откорнат кошот на новопоставената табла. Сега, новиот повеќенаменски терен изминатата ноќ бил мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани. Тие искорнале неколку табли поставени на теренот, а со што се создава ризик од повреди кај децата.

Од општина Аероодром апелираа да се чува заедничката сопственост.

– Апелираме уште еднаш за почитување на површините кои се заедничка сопственост и наследство кое го оставаме на новите генерации. Со овие чинови, се придонесува кон ограничување на содржините кои им се достапни на учениците, а со тоа и ограничување на нивниот правилен раст и развој, повторно упатија апел од локлната самоуправа на Аеродром.

Претходна вестКазнети 196 возачи, осуммина зборувале на телефон, шестмина поминале на црвено…
Следна вестРојтерс: Дали Американците штотуку го срушија светот?