По котлините утринска магла, преку ден сончево со малку облаци

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието со појава на магла или ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Дневната температура ќе се движи од 13 до 16 степени

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Дневна температура ќе достигне до 4 степени.

Претходна вестПоради густата магла откажани 9 лета на скопскиот аеродром
Следна вестЕдно лице загина при судир на автобус и возило во близина на клучката кај Три Чешми