По најавата за враќање на старото работно време, угостители: ние не бевме причина за нови кластери!

Владата размислува да го врати старото работно време на кафулињата и рестораните, до 21 часот, ама за сега останува се како што е во моментот. Ова вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека рестрикциите ќе се намалат ако продолжи трендот на опаѓање на црните бројки на новозаразени и починати.

Но угостителите остануваат разочарани, а голем дел од нив одлучија да стават клуч на врата заради економската криза и фактот што рестриктивните мерки удрија по нивен грб. Дел се обидоа да си надоместат, организирајќи дневни предновогодишни забави на 31 декември за прилично „солени“ суми. Сепак најголемиот дел се на ставот дека бадијала се кратеше работното време, кога и онака кафулињата зјаат празни.

-Короната не се ширеше заради тоа што кафулињата и рестораните работат. И кога бевме отворени до 21 часот веќе после 18 дали имаше по една маса гости. Ние никогаш не бевме причина за нови кластери, а се удри по нас… Се премижуваше на свадби, веселби, па и јавно славење родендени на политичари, но за надлежните изгледа најмногу трн во очи бевме ние угостителите – вака сумирано изгледаат реакциите на сопствениците на кафулињата и рестораните.

Од Независната угостителска комора последниот состанок со Комисијата за заразни болести го квалификуваа како фарса, и прашаа кој ќе им ги надомести штетите на угостителите и нивните вработени? Побараа оштета од државата. Таа им нагласи дека за да добијат субвенции ќе мора да исплатат плати за јануари и февруари. Но угостителите се чудат како кога немаат работа?
-Владата треба да размисли на кој начин ќе ги надомести штетите од овие лимитирања на работата. Субвенциите претходно беа доделени и угостителите се нафатија да ги преземат обврските врз основ на постојните протоколи кои важеа. Со новите мерки се прашуваме, обврската која што е пренесена на корисниците на таа субвенција дека мора да исплаќаат плати во јануари и февруари, врз основ на што и на кој начин ќе ги остварат тие можности да можат ги исплатат платите, кога и сега не остваруваат доволно приходи, реагираа од НУК на 14.12.2020.

Претходна вест12 починати и 622 новозаразени од вирусот
Следна вестПо 50 години од творештвото на Петрески, објавен првиот том тинејџерски приказни