Темно Режим Светло Режим

По повод почетокот на учебната година премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе го посетат ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Министерството за образование и наука соопшти дека во учебната 2025/2026 година настава во основните и во средните училишта ќе посетуваат 245 илјади ученици. Во основните училишта има 177.800 ученици од кои 17.250 првачиња, додека средно училиште ќе посетуваат 67.200 ученици.

Претходниот Пост

Учениците се враќаат во училиште: Почнува новата учебна 2025/2026 година

Следниот Пост

Во тек е последниот ден за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори