По реакциите на граѓаните се крпат ударните дупки во Аеродром

Поширока акција за санација на ударните дупки на локалните улици деновиве спроведува скопската општина Аеродром. Изминатите денови беше извршена санација на улици во Горно Лисиче, потоа во населбата Лисиче и во Реонскиот центар. Деновиве, пак, се работи на санација на ударните дупки на улицата „23 Октомври“во населбата Острово, а ваквите активности од општината најавуваат дека ќе продолжат и во наредниот период.
-Добро е што се реагира со конкретна акција на нашите забелешки. Општинските улици се преполни со дупки, ни пиша граѓанин кој воедно беше дел од текстот во минатиот број на бесплатниот неделник „Скопско Ехо“ каде на ударно место се актуелизираше темата за се поголемиот број на ударни дупки на сообраќајниците во Скопје.
Граѓаните укажуваат дека ударните дупки не се крпат редовно, а и кога тоа се прави набрзо, повторно се појавуваат, заради лошиот квалитет на изведбата.
Да се надеваме дека овој пат општина Аеродром реагира посоодветно и за квалитетот на направените поправки.