„По стапките на мојот татко“ утре вечер во Сули-ан

Богатата програма на овогодинешното „Скопско лето“ утре вечер ве носи и на Факултетот за ликовни уметности Сули-ан. На репертоарот е филм, овој пат италијански. Се вика “По стапките на мојот татко“ а снимен е во 2016 година.
Поентата на овој авантуристички филм во режија на Марко Сегато е дека никогаш не е доцна за љубов. Главните улоги ги толкуваат Мирко Артузо, Лучија Маскино, Леонардо Масон, а има добиено италијански Златен глобус за кинематографија, номинација за наградата „Давид ди Донатело“ за најдобар млад режисер.
Почнува во 21 часот.