По судир на две возила, прегазен пешак и удрено паркирано возило

На бул. Никола Карев во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу „ауди“ и „пежо“. При незгодата, „пежото“ удрило во пешакот Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, кое се придвижило и удрило во бандера.

По незгодата, С.С., Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“, биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје

Претходна вестДвајца велосипедисти тешко повредени по судир на кеј на Вардар
Следна вестОсмани го посети Џафери на Инфективна (ФОТО)