По трагедијата во Кочани, заеднички час на студенти и ученици на УКИМ

139

Студентите на УКИМ денеска во 12 часот се собраа на платото на Универзитетот каде одржуваат организиран заеднички час за искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.

Стотици студенти се собраа на платото, а откако од небото истури дожд, дел од нив влегоа во атриумите на трите факултети.

Заедничката настава и собирите на студентите, најавија, ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.

Под чадори, но сплотени сите заедно, мирно чекаат ред. Палат свеќи и оставаат свежи цвеќиња, како последен поздрав до оние чиј живот згасна во силниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Дури 59 млади животи згаснаа во пожарот, а 155 се повредени и сместени во болниците во Скопје, но и во соседните земји Бугарија, Грција, Србија, како и во Хрватска, Холандија и други.

Претходна вестНова сообраќајка во Скопје, на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ прегазена девојка
Следна вестТошковски: Пиротехниката во дискотеката ја донел бендот „ДНК“, концертот бил „на диво“