По утринската магла сонце и малку облаци

Денеска претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладнево ќе има појава на магла, преку денот претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во наредниот период продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.