Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 19 до 28 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе изнесува 14, а дневната 27 степени.