Темно Режим Светло Режим

Почина 35-годишно момче во Скопје откако му се слошило дома

Триесет и петгодишно момче (Е.Д.) почина во Скопје, информира полицијата.

Тој бил донесен во Градската болница во текот на вчерашниот ден, без знаци на живот.

Според изјавата на неговиот татко, на Е.Д. му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

Претходниот Пост

Пожар во Струмица, две лица повредени

Следниот Пост

Ставен под контрола пожарот во Кичево, хеликоптер на МВР исфрли над 25 тони вода