Почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Скопје

Почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на град Скопје. Ова вест денеска ја потврди и скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој упати проштална порака преку Фејсбук.

Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател! Почивај во мир Енвер, пријателе мој, напиша Шилегов на социјалните мрежи.

Малиќи беше именуван на функцијата заменик градоначалник лично од градоначалникот Петре Шилегов во 2017 година.

Во 2018 година беше назначен за почесен конзул на Мексико во Македонија.

Инаку, тој е познат и како сопственик на фирмата „Гемак трејд“ и на хотелот „Парк спа” на кејот на Вардар во Скопје.

Претходна вестМВР ја советува Ангелеска да пријави ако и е нанесена неправда, а таа објасни за лигушите…
Следна вестЦентарскиот „пајак“ си сплете мрежа кај 242 несовесни возачи