Почина Македонец во близина на грчкиот град Кавала

172

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови, биле информирани дека „80-годишен странски државјанин на (државјанин на Република Северна Македонија) бил извлечен во бессознание од плажата“, му била укажана прва помош, а потоа со амбулантно возило на брзата помош бил пренесен во Општата болница во Кавала, каде што лекарите констатирале смрт.

Според информациите, 80-годишниот ја загубил свеста додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, а обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестТрамп повторно ги повлекува САД од УНЕСКО
Следна вестЌе има покачување на пензиите, Владата го донесе предлогот за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување