Почина македонската фудбалска легенда Кирил Дојчиновски

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Кирил Дојчиновски, почина на 78- годишна возраст. Информацијата денеска ја објави Фудбалската федерација на Македонија.

Дојчиновски е роден во Скопје на 17 октомври 1943 година. Кариерата ја почнува во Вардар, за кој одиграл над 100 натпревари за период од четири години. Во 1967 премина во Црвена звезда, со која за седум сезони освои четири шампионски титули и два купа, а крајот на кариерата го дочека во Франција, каде што играше за Труа и Париз.

Тој ќе остане запаметен како првиот Македонец кој учествувал на едно светско првенство, откако беше во составот на Југославија на Мундијалот во Западна Германија во 1974 година. Тој забележа вкупно шест настапи во репрезентативниот дрес.

Во долгогодишната тренерска кариера водеше бројни македонски екипи, а во два наврата беше и селектор на Ел Салвадор.

Претходна вестВо Македонија нема потврден случај со мајмунски сипаници, има сомнителен кој ќе се тестира
Следна вестПолскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување