Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кикбоксери

Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери.

Тој беше македонски репрезентативец во кик бокс и член на од кик бокс клубот Гладијатор од Скопје.

Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓукои сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години. Беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година.

Причините за смртта не се познати. Негови колеги и фанови се простуваат од него на социјалните мрежи.

Претходна вестПочна палењето на стрништата – 60 пожари за отворено изминатиот викенд
Следна вестСтуденти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење