Почина Панчо Минов

33

Рано утрово починал Панчо Минов, познат македонски политичар, кој беше пратеник во Собранието на Македонија и градоначалник на Кавадарци, пренесоа повеќе медиуми.

Тажната вест ја соопшти неговото семејство.

„Со длабока тага и искрена благодарност се простуваме од Панчо Минов, еден од најистакнатите правници, политичари и космополити на нашата држава. Својот живот и работа ги посвети на Кавадарци и Македонија, со четири мандати како пратеник, два како градоначалник, и како дел од првиот парламентарен состав кој донесе одлуката за независна Република Македонија. Во текот на својата политичка патека тој се бореше за правдата и демократијата, оставајќи силна трага преку донесување важни законски и државотворни решенија. Неговиот глас беше стожер за обесправените, особено за земјоделците и обичниот човек. Како градоначалник инспирираше визија што ја надминуваше секојдневната политика, мислејќи ширум, со идеали на соживот, почит и солидарност. Панчо Минов беше пример на јавен службеник со интегритет, знаење и човечност; вистински претставник на народот и животен творец на историјата. Пред сè, беше добар сопруг, татко на две деца и дедо на два внуци — неговата посветеност останува водилка за сите идни генерации. Нека му е вечна слава и нека почива во мир“, стои во објавата на семејството на Минов.

Минов е роден во 1958 во Кавадарци, дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, како и на Правниот факултет – Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЕвропската рударска треска за критични минерали – можност за Македонија да влезе во новата индустриска карта на Европа
Следна вестГерманска градоначалничка избодена со нож