Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски. Хуморот беше и остана негов заштитен знак. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности. Пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации.
Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево Војче дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители.
Од 1985 до 1991 година соработувал со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ и гостувал на стотици негови концерти на просторите на некогашна Југославија. По игра на случајноста, во 1983 година во Штип, менаџерот на Мики Јевремовиќ го ангажирал да гостува на сите десетина концерти на познатиот пејач во Македонија, што за него била голема отскочна штица.
Меѓу другото тој ја издаде книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.