Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина во Италија на 66-годишна возраст, изјави денеска неговиот портпарол Роберто Куило.

Тој во објава на Твитер наведе дека Сасоли починал синоќа во 01.15 часот во онколошкиот центар во Авијано.

Сасоли е во болница од 26 декември и сите негови активности беа откажани.

Тој имаше тешка форма на пневмонија минатиот септември, кога исто така беше хоспитализиран.

Претходна вестМЗ: Зголемен број на реинфекции со Ковид-19 – расте процентот на заразени со Омикрон
Следна вестСанкции за 244 непрописно паркирани возила во општина Центар