Почина Ратка Димитрова

Ратка Димитрова, пратеничката од првиот парламентарен состав, почина на 80-годишна возраст.

Таа беше координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во период од 1991 до 1994 година.

Димитрова е мајка на политичарот и доскорашен министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Покрај работата како пратеник, таа имаше богата кариера како виолинистка со бројни концерти во Македонија и пошироко.

Претходна вестСо виљушкар си го прегазил колегата- починал на пат кон болница, еве ги деталите
Следна вестТалат Џафери упати сочувство за смртта на поранешната пратеничка Ратка Димитрова