Починале 7 пациенти од вирусот, новозаразени се 115 лица

Починати се 7 пациенти од вирусот последното деноноќие. Пет од пациентите се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа во Македонија се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 53
– Куманово 4
– Дебар 6
– Штип 3
– Прилеп 6
– Тетово 8
– Струга 13
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 5
– Пробиштип 1
– Свети Николе 1
– Кичево 4
– Ресен 2
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.
Претходна вестОбиена куќа и украдени близу еден милион евра во Скопје
Следна вестПопладневниот дожд и грмежи и денеска нема да изостанат