Починале 7 пациенти од вирусот, новозаразени се 301 лице

Во последните 24 часа направени се 3.814 тестирања во Македонија, а регистриран е 301 нов случај на Ковид-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје најмногу нивизаразени има во Скопје – 147, а потоа следат Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – 10, Делчево и Валандаво – по 9…

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Битола (79г и 90г) и по едно починато лице од Скопје (73г), Штип (35г), Охрид (90г), Крива Паланка (91г) и Делчево (64г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 192 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, на починати е 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

 

Претходна вестЗаев, Вучиќ и Рама ги канат земјите од регионот во „Отворен Балкан“
Следна вестГолем дел од ГУП-овите во Македонија се постари од 10 години, а планирањето треба да биде динамичен процес…