Со синоќешната вечер на млади пејачи, во Штип започна традционалниот „Макфест”. Вечерва ќе настапат пејачи кои се веќе подолго време на музичката сцена, а за во сабота е предвидена вечер за прослава на 40 години од Фестивалот.
Ќе се пеат најголемите макфестовски хитови во изведба на Тања Кочовска, „Силви бенд”, Питер Џон Босе, Владо Јаневски, Сашо Гигов-Гиш, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски-Џафер и други пејачи кои оставиле свој белег на Макфест.



