Почна реконструкцијата на дел од улицата „Димо Хаџи Димов“

Во рок од три месеци ќе заврши денеска започнатата реконструкција на дел од улицата „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Кислеа Вода што ја финансира Градот Скопје.

– Градот Скопје ја реконструира улицата „Димо Хаџи Димов“, на потегот од раскрсницата со улицата „Антон Попов“ до улицата „Народни Херои“, која е една од најфреквентните улици во општината Кисела Вода. Барањето за реконструкција е истакнато како децениски проблем од страна на жителите кои редовно транзитираат по овој дел на градот, при што со проектот дополнително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот, изјави скопската градоначалничка Данела Арсовска при денешниот увид во работите.

Улицата целосно се реконструира во вкупна површина од 6520 м2 на должина од 800 метри. Се заменуваат оштетените рабници, се нивелираат шахти и сливници, а планирано е и соодветно хортикултурно уредување. Истовремено, Град Скопје инвестира и во нова атмосферска канализација во должина од 900 метри, а се врши и целосна реконструкција на водоводната мрежа. Градот Скопје во оваа реконструкција вложува 41 милион денари.

Претходна вестМОН дало согласност првачињата Албанци да учат од ист буквар како и врсниците од Албанија и Косово
Следна вест96 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 3 починати лица